World Cyber Games решија да го продолжат договорот со Корејската телевизија OnGamenet на уште една година.
Најголемиот светски настан во сајбер гејмингот дојде до договор со Корејската специјализирана кабелска телевизија и канал, OnGamenet да го продолжи договорот за уште една година. Компанијата ќе биде главен покровител се до 2010 година.
Двете страни работаат заедно уште од големото финале на WCG во 2006 во Монца, Италија и во текот на минатите години , компанијата успеа да собере 27 милиони гледачи.
Финалето беше емитувано на 187 програми на англиски, германски и корејски јазик преку China’s NeoTV, Germany’s Giga TV, и секако online на интернет преку GameSports и UK’s преку QuadV каналот.
,, Ние сме искрено заинтересирани и сакаме да ја продолжиме соработката со OnGamenet и сме многу возбудени што ќе продолжиме да ги емитуваме e-sports на највисоко ниво. Популарноста на WCG во Кина минатата година како и гледаноста ни дава знак дека оваа година WCG 2009 Grand Final ќе биде најуспешно и најгледано досега” изјави Hyoung Seok Kim, претседател и главен извршен директор на World Cyber Games, Inc. поздравувајќи го договорот.